СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.У.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид и му нанел убодни рани.
Вчера во 16.30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е И.Ц.(46) од Охрид, кој претходно бил затекнат при кражба на помошен работен алат и прибор.