Во вторникот во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа. Press24
Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената.
Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена“, се вели во полициското соопштение. Plusinfo