Согласно настанатата состојба, за Струмица важат следните мерки: Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата Забрана на горење на отворено Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Press24