Ќе продолжи со засилено темпо откривањето и спречувањето на сите криминални појави – подвлече директорот на Царинската управа.
Дополнителните приходи од царината при увоз на патнички моторни возила во изминатите шест месеци се поголеми за близу 119 милиони денари во однос на истиот период во 2023-та, а наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила е поголема за над 482 милиона денари, рече денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски. Plusinfo
Дополнителните приходи од царината при увоз на патнички моторни возила во изминатите шест месеци се поголеми за близу 119 милиони денари во однос на истиот период во 2023-та, а наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила е поголема за над 482 милиона денари, рече денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски.
Како што истакна Николовски на прес-конференција, реалната наплата на данокот на моторни возила во јули 2024 е повисока за 46,5 отсто во однос на јули 2023, во август за 21,7 проценти, во септември за 24,2 отсто, во октомври за 10,3, во ноември за 27,4 проценти, додека во декември е на речиси исто како во декември 2023 година. Novamakedonija