Во јули немаше ниту еден сантиметар квадратен асфалт, а денеска гледаме цела делница, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната свечена церемонија на официјално пуштање на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.
Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.
„Со гордост ја споделуваме веста за завршување на експресниот пат Страцин – Крива Паланка.
Од денеска ќе се вози по новиот експресен пат од Страцин кај Куманово до Крива Паланка...