Физичка пресметка се случила рано утрово пред казино во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Утринава во 04.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од неготинско село, затоа што пред казино во градот, тој и неготинецот Д.Ј.(35), по вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР Велес.