Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Тројца Тројца повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св.Наум.
Според иформациите, до несреќата дошло кога автомобилот излетал од патот.
Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од селото Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот. Sitel
„Денеска (08.01.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од с.Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од с.Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“ соопшти МВР. Fokus
Повредените се млади лица на возраст од 20 и 21 година. Libertas
Годината што измина во Охрид секако може да се издвои како една од подобрите кога станува збор за севкупната туристичка посетеност.
Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, од Охрид.
Полицијата во Охрид информираше дека синоќа во 21:30 часот до СВР било пријавено од страна на 50-годишна охриѓанка дека пред нејзиниот дом било опожарено нејзиното патничко возило „БМВ Икс3“ со охридски регистарски ознаки.
Основното јавно обвинителство – Скопје до судијата за деца од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за малолетник во судир со законот за кого постои основано сомнение дека извршил шест различни кривично-правни дела кои во Кривичниот законик се предвидени и санкционирани како кражби и тешки кражби, информираат од Обвинителството.
Јавното обвинителство инфомира дека е покрената постапка до судијата за деца од Основниот кривичен суд Скопје против малолетник поради сомнеж дека извршил шест кражби во период од само неколку дена.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 3 од Кривичниот законик.
Поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици иако знаел дека не поседуваат соодветна важечка дозвола за воздухопловен техничар им овозможил на три лица вработени во МВР како главни воздухопловни техничари да се стекнат со право на додаток на плата од 20% од денот на нивното засновање на работен однос во МВР.
32-годишна турска државјанка вчера беше приведена од полициските служби на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“.
Фалсификувала белгиски пасош и онлајн билет за лет до Истанбул кои ги приложила за излез од Македонија.
Полицијата извести дека вчера во 16.30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ со бул.„Благоја Тоска“ возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
На 06.01.2025 во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ со бул.„Благоја Тоска“ во Тетово патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.