Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи пуштија во употреба нов 400/110 kV трансформатор кој е инсталиран во трансформаторската станица (ТС) Битола 2. Пуштањето во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор значи многу за овој регион, истакна министерката Божиновска на промотивниот настан во ТС Битола-2. -Трансформаторот значи многу за овој регион и се надевам дека и останатите проекти навремено ќе бидат извршени.