Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.А.(22), С.А.(22), А.И.(22) и 15 – годишник, сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
РЦУК Штип, известува дека во врска со вчерашниот настан каде жител на село Полаки - Кочанско бараше евакуација од страна на надлежните служби известени сме дека и денес е стапено во контакт со истото лице, и дека не е потребна евакуација бидејќи истото е обезбедено со основни средства и патот до село Полаки е прооден.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е во тек координирано извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси, кое е во својот дом во кочанското село Полаки.