Кучињата се пронајдени во објект, кој го користел 22-годишниот С.А., а е сопственост на 20-годишниот Ш.А. кој е надвор од државата.
На 22.01.2025 во периодот од 20.30 до 20.55 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во с.Врапчиште, гостиварско, а се сопственост на Ш.А.(20) од с.Врапчиште, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“ по член 233 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен. Kanal5
Во координирана полициска акција на 22 јануари, полицијата од Гостивар, заедно со Одделот за криминалистичка полиција, било утврдено дека кучињата биле користени за борби, што претставува кривично дело според член 233 од Кривичниот законик за „мачење на животни“.
„Просториите каде биле пронајдени кучињата ги користел 22-годишниот С.А. од Врапчиште, додека сопственик на објектот е 20-годишниот Ш.А., кој моментално се наоѓа надвор од државата. Plusinfo