Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, се предаде на полицијата, дознава од свои извори. Nezavisen
Истражните органи продолжуваат да работат на случајот.
Пред три дена во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за кои се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Ванчо Кешишев како директни извршители, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Netpress