Обвинителство на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче презентираше видео записи од камерите на Сејф сити на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози „реното кангу“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната на Палевски вели дека се гледаат силуети и бара ДНК анализа.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Со изведување на видео материјали од безбедносни камери за движењето на возилото Цитроен на денот на грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Дебар Маало, а потоа и заедно со возилото Рено Кангу како се движат низ Визбегово кон селото Бразда каде е запален и потоа како се враќа само реното Кангу назад, низ Чаир кон седиштето на партијата Десна, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Со изведување на видео материјали од безбедносни камери, предложени како докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.