Денес не сме овде за политички препукувања тука затоа што изгубивме млад живот што не смееше да биде изгубен, трагедија која не есамо болка на едно смејство туку сурово огледало на реалноста во коај сите живееме оваа трагедија дополнително го разоткри нефункционалниот систем што не успеал да ја заштити безбедноста на граѓаните, систем што дозволувал рецидивисти да бидат на улиците место во затворите и да одзмета човечки животи.
Фросина Кулакова не е само име на прекрасна млада девојка која што имаше цели соништа и живот пред себе, таа стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени што не смеме повеќе да ги одложуваме. Kanal5
Тој подвлече дека проблемот не е само со неказнивоста не е само во законите, туку, вели, што сè уште заедно дозволуваме да нема систем, а законот мора да важи еднакво за сите.
Фокусот не смее да биде само на законите, на заострување на казните туку во градење на систем кој како што рече, ќе овозможи конкретно елимирање на неказнивоста. Plusinfo