1 (42) ■ вести > македонија > хроника ■ 07-Feb 07:30 -> 07-Feb 18:54
.
.
.
.

Туфегџиќ: Сѐ што кажа сведокот Гоце Трајковски е во полза на одбраната на Александар Ѓорчевски

  • Сведокот Трајковски добил закани пред судењето за Вања и Панче: Ми се заканија да внимавам што зборувам, да не сум паднел во дупка!

  • Трајковски: Инспектор ме испрати во станот на таткото на Вања да проверам дали девојчето е сокриено во плакар

  • Сведокот Трајковски рече добивал закани од членови на Десна „да внимава што ќе зборува за да не пропадне во бунар“

Сѐ што кажа сведокот Гоце Трајковски е во полза на одбраната на Александар Ѓорчевски, бидејќи Гоце Трајковски изнесе буквално сѐ што знае.

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше сведокот Гоце Трајковски.

Сведокот Гоце Трајковски на денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истакна дека полициски инспектор му рекол да оди во станот на таткото на Вања, Александар, и да снима и да провери дали Вања е сокриена во плакар или во тоалет.

Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа прибавувајќи видео снимки.

2 (24) ■ вести > македонија > хроника ■ 06-Feb 15:48 -> 07-Feb 21:06
.
.
.
.

Адвокатот на Васил Јованов повикува наместо линч, да се остават институциите да си ја работат работата, родителите на Васил изразија сочувство до семе…

  • Не сме богата фамилија, уште помалку влијателна, рече таткото на Васил изразувајчќи сочуство на семејството на Фросина

  • Три години и десет месеци затвор за Васил Јованов за трговија со дрога – Апелација ја објави пресудата после пресот на неговите родители

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина.

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина.

Скопска Апелација ја прифати жалбата на Обвинителството и ја преиначи казната за Васил Јованов за поседување и продавање марихуана и кокаин.

3 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Feb 12:30 -> 07-Feb 15:18
.
.
.
.

Попов: Точно е дека пред 11 години направив грешка оттогаш не сум возел и немам положено

  • СДММ: Возел пијан, без возачка, направил сообраќајка – бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов

  • Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

По обвинувањата од страна на претседателите на подмладоците Петар Здравевски на Левица и Трајче Стојчевски на СДСМ дека Сергеј Попов актуелен пратеник и претседател на УМС возел пијан, истиот се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни информации, би сакал да ги изразам своите мисли и да го поделам моето гледиште за ситуацијата.

5 (27) ■ вести > свет ■ 06-Feb 12:56 -> 07-Feb 23:10
.
.
.
.

Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин

  • Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната

  • Келог: Шансите Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје се „мали или никакви“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува следната недела да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и оти „сака“ да разговара и со неговиот руски колега Владимир Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми.

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека шансите Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје се „мали или никакви“.

6 (25) ■ вести > свет ■ 06-Feb 18:44 -> 07-Feb 23:22
.
.
.
.

Италија не ја потпиша декларацијата на земјите-членки на МКС со која се осудуваат американските санкции кон судот

  • САД ВОВЕДУВА САНКЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД Одговор за налогот за апсење на Нетанјаху?

  • ОН го повикаа Трамп да ја повлече одлуката за санкции против МКС

Италија не ја потпишала заедничка декларација на земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во која се критикува одлуката на САД за воведување санкции кон судот, јави Анса.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршна наредба за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради насочување истрагите кон САД и нивните сојузници, како што е Израел, изјави претставник на Белата куќа.

Обединетите нации денеска го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да ја укине извршната наредба со која се одобруваат економски санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС). -Длабоко жалиме за индивидуалните санкции објавени вчера против судскиот персонал и бараме оваа мерка да се повлече, изјави портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани, пренесува Гардијан.

7 (19) ■ вести > македонија ■ 07-Feb 10:12 -> 07-Feb 18:36
.
.
.
.

▷ РКЕ: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

  • РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги коригира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.

8 (20) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 07-Feb 11:40 -> 07-Feb 15:09
.
.
.
.

Меѓуресорска група се грижи за подигнување на безбедноста во училиштата

  • Јаневска: Никаде не брзаме и не е дефинитивна одлука, ќе дискутираме цела година за концепцијата

  • Ги очекуваме насоките за тоа што треба да се направи за да има непречено одвивање на наставата во случај на нови дојави за бомби, вели Мицкоски

Формирана е меѓуресорска група која ќе се грижи за подигнување на безбедноста во училишните објекти, откако утрово дел од училишните раководства добија пораки за поставени експлозивни направи во објектите.

Никаде не брзаме, ништо не е дефинитивно одлучено, имаме една година време за да ја донесеме концепцијата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за предложената концепција за реформи на гимназиското образование.

Во текот на денот училиштата и припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе добијат насоки за тоа што треба да се направи во вакви ситуации кога има дојави за бомби за да има непречено одвивање на наставата, вели премиерот Христијан Мицкоски.

9 (13) ■ вести > свет ■ 07-Feb 13:01 -> 07-Feb 21:42
.
.
.
.

Фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа

  • Лајен: ЕУ подготвена одлучно да ги брани своите интереси доколку САД воведат нефер царини

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Гдањск изјави дека Европската унија ќе го почитува тоа што Полска одбива да се придржува до усвоениот Пакт за миграција и одбива да прифати мигранти според квоти, бидејќи Брисел има разбирање дека на полската граница со Белорусија и Русија со ЕУ не се работи за класична миграција туку хибриден напад на тие две земји врз ЕУ. – На источната граница не се работи за класична миграција.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека за ЕУ трансатлантската соработка е клучна за просперитет, безбедност и мир, но оти е подготвена да ги брани своите интереси ако САД почне да се однесува нефер.

10 (35) ■ вести > балкан > регион ■ 06-Feb 07:40 -> 07-Feb 17:33
.
.
.
.

Мицотакис од Санторини: Целиот државен механизам е мобилизиран, препорачувам смиреност

  • На Санторини прогласена вонредна состојба

  • Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини

  • Црвената плажа повеќе не постои: Земјотресите трајно го менуваат изгледот на Санторини

Уште еднаш препорачувам смиреност, да ги слушаме упатствата од цивилната заштита и посакуваме појавата брзо да заврши, а островот целосно да се врати во својот нормален ритам, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 1 часот по полноќ, заклучно со 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени.

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканез трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.

12 (29) ■ вести > свет > политика ■ 06-Feb 11:27 -> 08-Feb 08:06
.
.
.
.

Синдикати ги тужат Трамп и Рубио поради УСАИД

  • УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

  • За администрацијата на Трамп доволни се до 300 работни места во УСАИД

Два синдикати што ги претставуваат вработените во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) денеска го тужеа американскиот претседател Доналд Трамп, американскиот државен секретар и министерот за финансии затоа што, како што тврдат, неуставно се обидуваат да ја укинат оваа над 60-годишна хуманитарна агенција, основана од Конгресот, пренесе Бета повикувајќи се на светски медиуми.

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) објави дека в петок, 7 февруари во 23:59 часот, сите вработени директно ангажирани во Агенцијата ќе бидат ставени на административно отсуство ширум светот, со исклучок на одреден персонал одговорен за клучните функции, клучните лидери и конкретно одредени програми.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го претстави планот за драстично намалување на персоналот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ширум светот, оставајќи помалку од 300 вработени, јавија американските медиуми.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

187 (4) ■ бизнис > економија ■ 06-Feb 12:16 -> 06-Feb 13:08
.
.
.
.

ВИКТОР МИЗО ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТРЕБНИ СЕ НОВА СТРАТЕГИЈА И НОВ ПРИСТАП ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ЗЕМЈАВА“

  • Виктор Мизо: Потребни се нова стратегија и нов пристап за привлекување странски инвеститори

Во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески гостин е м-р Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид, како и претседател на Советот за странски инвеститори и на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, тела при Стопанската комора, кој зборува за новиот пристап кој е потребен денес за привлекување странски инвеститори во нашата земја.

Генералниот менаџер на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, смета дека не е потребно само креирање нова стратегија, туку и генерирање нов пристап на размислување за тоа што треба и како треба да се направи за да се привлечат нови странски инвеститори во нашата земја, бидејќи ние сме мала држава, која денес има многу ограничени ресурси.

188 (4) ■ бизнис ■ 06-Feb 10:18 -> 06-Feb 13:54
.
.
.
.

Мицкоски е позагрижен дали ќе има работна сила за новите инвестиции, отколку за заминувањето на постојните

  • „АПТИВ“ ГО СЕЛИ ПРОИЗВОДСТВОТО ОД БУНАРЏИК ВО ПОРТУГАЛИЈА И ПОЛСКА Откази ќе добијат 500 работници

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата неколку недели знаеле за намерата на компанијата „Аптив“ да ја напушти Македонија, но рече дека има компании кои што најавиле инвестиции во земјава и дека оваа состојба ќе се надмине.

Ирско – американската компанија за изработка на авто делови „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик и се сели во Полска и Португалија, а британскиот гигант „Џонсон Мети“ ќе го намали бројот на вработени, објави телевизија Од компанијата „Аптив“ која во Бунарџик работи од 2016 година и има 500 вработени, ја објаснуваат одлуката со оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на глобалниот пазар, па производство од Бунарџик ќе го селат производството во нивните погони во Полска и Португалија, а во Македонија ќе го затворат.

154 (4) ■ сцена > култура ■ 06-Feb 07:14 -> 07-Feb 19:32
.
.
.
.

Изложба во галерија „Остен“ по повод прогласувањето на Киро Урдин за Уметник на светот

  • Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија на уметници

Синоќа во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје беше отворена официјалната изложба и беа доделени награди и признанија на уметници и сорботници на „Остен“, по повод 80 години постоење на оваа културна институција, која предизвика голем интерес.

Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Северна Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и сорботници на ОСТЕН.