Дарко Голубовски – Кнеле, препознатлив по своето појавување во спотот за песната „Алал Вера“ на Слаткаристика и како гостин во Лазаров Подкаст, од вчера се наоѓа во притвор под сомнение дека бил вклучен во трговија со дрога за познатиот нарко бос Раде Трајковски – Штекли, открива . Во полициската акција се запленети околу четири и пол килограми кокаин, а како еден од осомничените е идентификуван токму Голубовски, жител на Керамидница, познат во скопските кругови како Кнеле. Plusinfo