Вкупно пет возила се оштетени, но нема повредени, во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле во населбата Автокоманда на влезот на Скопје поради снегот и лизгавиот коловоз.
Две сообраќајни незгоди, во кои учествувале пет возила, утрово се случиле една по друга во населбата Автокоманда на влезот во Скопје, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни и работи (МВР). Две од возилата меѓу кои утрово дошло до судир на влезот во Скопје во населбата Автокоманда / Фото: Принтскрин од видео на ТВ 21 До овој момент, како што информираат оттаму, не е пријавено дека во сообраќајките има повредени лица, а дополнително се утврдуваат околностите под кои тие се случиле.