Струшката полиција поднесе кривична пријава против 28-годишниот А.Р од Струга кој како сопственик на угостителски објект се сомничи дека крадел струја.
„Пријавениот А.Р., без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред, кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист“, појасни портпаролот Стефан Димоски.