На 19.02.2025 во СВР Штип, 47 - годишник од Република Турција, со живеалиште во Штип, во СВР Штип пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.550 евра.
Имено, според пријавеното, по претходен договор, на 18.02.2025 на студент од Република Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра. Press24