Повеќемина добија признанија за успех во спортот и тоа: Лука Димитриевски (МКК Куманово, кошарка), Јасмина Јовановска (ЖФК Речица, фудбал), Филип Наковски (БК Фајтер Илери, бокс), Дијана Вукановиќ (АК Куманово, атлетика), Влатко Тасевски (МРК Куманово, ракомет), Александар Милошевски (ВК ВЕЛО - М, велосипедизам), Сара Цветановска (ЖРК Куманово, ракомет), Вилијамс Маневски (БК Фајтер Илери, бокс), Теа Алексовска (АК Куманово, атлетика). За наодбри тренери беа избрани Газменд Хисејини кој го води македонскиот футсал првак Форца во сениорска конкуренција, како и Емил Цветанов кој е тренер во велосипедскиот клуб Крос Сајклинг ТИМ во младинскиот спорт.