Поднесена е кривична пријава против градоначалникот на Делчево Г.Т.(52) поради сомение дека ја злоупотребил службената положба и овластување.
Пријавениот, градоначалник на општина Делчево, на 11.04.2019 склучил договор за јавна набавка на стоки - набавка и испорака на резервни делови, прибори и масла за возниот парк за потребите на општина Делчево со важност од 13.06.2019 до 12.06.2020, во кој договор во спецификацијата била понудена нереално ниска цена, за 16 пати пониска од другите двајца понудувачи.