Полицијата од Тетово поднесе кривична пријава против 51-годишниот Љ.П. од Тетово поради сомнение дека предупредувал дрвокрадци за најавени полициски контроли.
„Во текот на јули 2023 година, пријавениот, во својство на полициски службеник во СВР Тетово, на три лица кои вршеле транспорт на огревни дрва во товарни моторни возила им праќал пораки на мобилните телефони со содржина дека ќе има контроли од негови колеги на автопатот од Кичево кон Скопје и на тој начин го извршил делото“, велат од МВР.