Екипи на Министерството за внатрешни работи во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршиле увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди, соопшти утрово Јавното обвинителство. Libertas
Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија во насока на утврдување на евентуална кривична одговорност за настанот, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Детето се здоби со повреди откако врз него падна гранка од дрво. Kanal5
Вчера околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во парк на ул.„Никола Русински“ на подрачјето на Карпош во Скопје паднало дрво врз десетгодишно дете од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот. Biznisvesti