Екипи на Министерството за внатрешни работи во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршиле увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди, соопшти утрово Јавното обвинителство.
Општина Карпош реагира за паднато дрво врз малолетник, кој со повреди бил пренесен во болница.
Од претпријатието изразуваат жалење за немилиот настан, но тврдат дека за конкретното дрво до нив не стигнало никакво барање, ниту, пак, има издаденои решение за сечење.
Вчера околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во парк на ул.„Никола Русински“ на подрачјето на Карпош во Скопје паднало дрво врз десетгодишно дете од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.