Изминатава сабота околу 07.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.З.(25) од село Мојанци, општина Арачиново, кој бил баран по потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело обид за убиство.
Претходно, на локалниот пат Арачиново – населба Ченто, со патничко возило „јaryаp“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење на автопатот кон Тетово, по што кај клучката Стајковци со возилото удрил во товарно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки и набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица.