Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сеуште активни (заклучно до недела, 24 часот): с. Крушевица (Општина Прилеп) Атарот на с. Лопатица (Општина Прилеп) Помеѓу с. Растојца и с. Кочиште (Општина Демир Хисар) Планината Огражден над с. Сушица, кај м.в. Чардак (Општина Ново Село) с. Кованец (Општина Гевгелија) с. Сошани - Дебарца (Општина Охрид) Атарот на с. Теово, помеѓу м.в Бегова чешма и м.в Плевење (Општина Чашка) Над село Грушино (Општина Сарај/Желино) Над село Вешала на Шар Планина (Општина Тетово). ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата.