Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи во соработка со аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија, која има за цел тестирање на капацитетите на институциите на национално ниво како и економскиот оператор ТАВ за справување со вакви ситауции и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници.
Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија денеска и утре на Меѓународниот Аеродром Скопје се одржува симулациска вежба за вонредни состојби.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, и Министерството за внатрешни работи денеска, 9-ти март, успешно реализираа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје.