Како резултат на вчерашните (13.03.) сообраќајни контроли што ги спроведоа полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон. Fokus
Односно конкретно – 102 прекршоци биле изречени за некористење на сигурносните појаси, а пак 70 платни налози за говорење на мобилен телефон при возење.
„Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на неправилното паркирање, 180 – на непочитување на дозволената брзина на движење, како и 67 – за управување на возило без возачка дозвола. Plusinfo