Успешно заврши спасувачката акција во Маврово.
Според последните информации екипи на МВР и Ренџерската служба на НП Маврово, како и локални жители, успеале да ги извлечат двете лица од Мавровското езеро, кои според првичните сознанија претпладнево со чамец се движеле по езерото и во еден момент налет на ветер им го превртел пловилото и тие се нашле во вода.