1 (10) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Mar 14:19 -> 18-Mar 15:35
.
.
.
.

В четврток погреб на загинатите во пожарот во Кочани

  • Погребот на жртвите од трагедијата во Кочани ќе се одржи во четврток, 20-ти март

Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион.

На денешната прес-конференција, Стојанче Ангелов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопшти дека погребот на 59-те загинати во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, а точното време ќе биде објавено дополнително.

7 (25) ■ вести > македонија > регион ■ 18-Mar 08:24 -> 18-Mar 13:30
.
.
.
.

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

  • Таравари утрово ќе ги посети повредените во Солун

  • Таравари во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни работи ќе ги посетат повредените во Солун

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.

Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

10 (5) ■ вести > свет ■ 18-Mar 12:58 -> 18-Mar 15:31
.
.
.
.

Семафор: Трамп размислува да го признае Крим како дел од Русија

  • Трамп ја разгледува опцијата официјално да го признае окупираниот Крим како дел од Русија

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го признае Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година, како руска територија во евентуалниот иден мировен договор за ставање крај на војната во Украина, објави веб-страницата Семафор.

Администрацијата на Доналд Трамп размислува да го признае украинскиот регион Крим како руска територија во однос на каков било иден договор за ставање крај на војната на Москва против Киев, тврдат две лица запознаени со ова прашање, објави . Претставници на администрацијата, исто така, разговараа за можноста САД да ги повикаат Обединетите нации да го сторат истото, според обајцата.

13 (19) ■ вести > македонија > хроника ■ 17-Mar 19:55 -> 18-Mar 10:42
.
.
.
.

Пртивор за Бектеши и за поранешните директори Трајковски и Максути

  • Бектеши и поранешниот директор на пазарниот инспекторат Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

Судија на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се спроведени на сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени.

Повеќе од
оваа категорија

55 (38) ■ спорт > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Mar 09:14 -> 18-Mar 14:09
.
.
.
.

Хрватска Горица се прости од Лазаров, нивен поранешен фудбалер кој почина по пожарот во Кочани

  • Почина фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров

  • Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност

  • Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, им подлегна на повредите добиени од пожарот во Кочани

Хрватските медиуми пренесуваат дека фудбалскиот клуб Горица се прости преку социјалните мрежи од Андреј Лазаров (25), поранешен фудбалер на Горица и Рудеш кој почина во болница откако беше повреден во пожар на концертот на ДНК во кочанската дискотека Пулс.

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани.

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Повеќе од
оваа категорија

126 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Mar 20:06 -> 17-Mar 21:29
.
.

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

  • АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал.

Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци,авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета.