За еколошка катастрофа со излевање на отрови, тешки метали и цијанид во Крива Река мора да има кривична одговорност.
Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето долж течението на реката, но и на флората и фауната.
Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажаа дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив.