1 (80) ■ вести > македонија > хроника ■ 12-Mar 07:00 -> 12-Mar 17:00
.
.
.
.

Манев: Претрпев тортура во полицијата и затворот, Ѓорчевски воопшто не е вмешан во случајот

  • По 150.000 евра требало да добијат соработниците на Палчо, планот бил да грабнат жена, ќерка на бизнисмен

  • Манев со сите детали за убиството на Вањa, Палевски прво ја прашал како се викаат нејзините родители

  • „НЕ БАРАЈ ОД ТАТО, МАМА ДУШАТА ЌЕ ЈА ДАДЕ ЗА НАС“ Вања верувала дека ќе ја пуштат, Панче бил убиен како „колатерала“

Во текот на сведочењето Велибор Манев, обвинет за убиство на Вања и Панче, денеска пред Судот изјави дека претрпел тортура при испитувањето од службените лица.

По 150.000 евра од Љупчо Палевски Палчо требало да добијат Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боро Видевски, според првичниот план кој го имале, односно за грабнување на 40-годишна жена.

Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште раскажа во детали како Љупчо Палевски - Палчо ја убил Вања Горческа,откако претходно изнесе и детали за тоа како бил егзекутиран . Според Манев, првично требало да биде киднапирана возрасна жена за да се изнудат пари, но по грешка, како што рече, била грабната Вања, а Палевски ја егзекутирал откако видел дека работите не тргнале како што треба.

Обвинителството го презентираше првиот исказ што го дал второобвинетиот Велибор Манев за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на 3 декмеври 2023 година.

3 (27) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 09:59 -> 12-Mar 15:35
.
.
.
.

Буџетот за одбраната е два процента и тој ќе се зголемува со растот на економијата, најавува Мисајловски

  • Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина

  • Објавени огласи за прием на 300 нови професионални војници и 10 подофицери во Армијата

Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Нема да има македонски војници на украинска почва, тоа досега од нас како држава никој не го побарал, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека е објавен јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници и оглас за 10 подофицери во Армијата.

4 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Mar 15:53 -> 12-Mar 17:00
.
.
.
.

БОЖИНОВСКА-ШАХБАЗОВ: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа – Азербејџан подготвен веднаш да соработува со земјава

  • Средба Божиновска - Шахбазов: Азербејџан ја гледа Македонија како важен транзитен центар за гас до Европа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари средба со својот колега од Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.

5 (38) ■ вести > балкан > регион ■ 10-Mar 12:06 -> 12-Mar 17:02
.
.
.
.

Обвинителството на Босна и Херцеговина нареди Додик да биде приведен

  • Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

  • Издаден налог за апсење на Додик – Како ќе одговори судската полиција на Република Српска?

  • (Видео) Додик за налогот за апсење: Овде пишува дека не бараат, како да сме Ал Каеда

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, на сослушување.

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска се очекува да се јави во Обвинителството на БиХ како осомничен за напад на уставниот поредок на државата.

Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик им се обрати на медиумите во Бања Лука откако обвинителството на Босна и Херцеговина утринава издаде налог за негово апсење.

8 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Mar 13:47 -> 12-Mar 15:43
.
.
.
.

Рокас: Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци

  • ▷ Рокас: Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.

9 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 14:02 -> 12-Mar 17:04
.
.
.
.

Мицкоски: Со набавката на канцероген мазут бил загрозен животот на граѓаните, секој што се огрешил пред законот ќе одговара

  • ШОКАНТНО Е КАКО ИЗРЕАГИРАЛ ЕДЕН ОБВИНИТЕЛ НА АКЦИЈАТА НА МВР Мицкоски вели дека во Обвинителството нема место за дворско-партиски забавувачи

Овие луѓе кои правеле стотици милиони евра бизнис практично се богателе на грбот на граѓаните со тоа што користеле такви недозволиви средства би рекол согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот на граѓаните, секој што се огрешил пред законот ќе одговара без разлика за кого станува збор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го случајот со набавка на канцероген мазут.

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ги коментира мерките што ги изрече кривичниот Суд против осомничените за увоз на мазут со сомнителен квалитет, потсетувајќи на степенот на доверба во судството.

10 (6) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 15:23 -> 12-Mar 17:00
.
.
.
.

Министерот Андоновски: Помина времето кога СДСМ беше и обвинител и судија во оваа држава

  • ПОМИНА ВРЕМЕТО КОГА СДСМ БЕШЕ И ОБВИНИТЕЛ И СУДИЈА Андоновски ја поздрави одлуката на ДКСК да ги провери јавните набавки по обвинувањата на опозицијата

Реакција на министерот Стефан Андоновски Ја поздравуваме одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги доставиме веднаш штом бидат побарани од Министерството.

Кабинетот на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека ја поздравува одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа, како што наведуваат „сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги достават веднаш штом бидат побарани од Министерството“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

107 (7) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 18:50 -> 11-Mar 20:23
.
.
.
.

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

  • ДОГОВОРЕНА БРЗА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА Чешки компании ќе вложат милиони во енергетски проекти

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил.

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

187 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 16:51 -> 11-Mar 18:34
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

  • Димитриеска-Кочоска: Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029.

Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

205 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 14:00 -> 11-Mar 14:24
.
.
.
.

Бошков: Со дијалог можеме да постигнеме зголемени плати за сите работници

  • Бошков: Со дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите треба да се дојде до решение за минималната плата

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата, порача претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес – конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација.

Претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес - конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација кажа дека се надева дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата.

284 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.