На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.
Деветнаесетгодишниот У.О. од село Студеничани е приведен од страна на полицијата по тешката сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на локалниот пат меѓу селата Патишка Река и Осинчани, скопско, во која животот го загуби малолетна девојка.