Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица.
Обвинителството побара, а Кочанскиот суд прифати четири ефективни и седум куќни притвори, како и седум мерки на претпазливост за 19-те новоосомничени во истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека Пулс, додека амбасадорот во Норвешка Кучи се уште е надвор од земјата.
Тринаесет обвинители работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес конференција информираше за деталите во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.