Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против четири лица од Гевгелија – Д.Т. (32), У.К. (24), Л.А. и В.Т. (50) – поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираше Министерството за внатрешни работи.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднело кривична пријава против Д.Т.(32), У.К.(24), Л.А., и В.Т.(50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ Како што денеска информираа од МВР, на 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот.