Полицијата приведе возач кој на патот Гостивар-Тетово управувал возило со брзина од 151 километар на час, на место каде максималната брзина е ограничена на 80 километри на час.
Вчера во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с. Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час.