Струшката полиција поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за спречување и напад на полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти денеска СВР Охрид. Libertas
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицата, тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот беа приведени од струшката полиција поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга. Kanal5