„Пријавениот како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, како што денеска соопшти МВР, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос констатирано од Државен инспекторат за труд“, се вели во полицискиот билтен. Plusinfo