Вчера во 14.55 часот на магистрален пат Тетово –Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар при радарска контрола констатирале дека К.Р.(32) од Косово управувал патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 км/час. Press24