Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта уште една повтори дека иднината на Македонија е во ЕУ. Тој на прес-конференцијата со премиерот Христијан Мицкоски наведе дека земјава постигнала многу, но дека се потребни преостанатите чекори кои треба да се преземат за да се заврши процесот.
Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.