На 23.05.2025 во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрил во заштитна ограда. Mk
После тоа, М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот на 24.05.2025 починал. Press24
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес. Sitel
Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес.
Од МВР информираа дека животот го загубил А.Ѓ. кој управувајќи товарно возило „рено мастер“ излетал од коловозот и удрил во заштитна ограда. Zoom
Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес. Makfax