Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општина Кичево постои Сектор за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата.
На тој начин пријавениот ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, на Законот за локална самоуправа, на Законот за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка, Правилникот за систематизацијата на работните места, со што на адвокатите им овозможил, на штета на буџетот на општина Кичево, да се стекнат со противзаконска имотна корист од 3.938.420 милиони денари или околу 64.000 евра. Tocka
Градоначалникот на Кичево противзаконски склучил повеќе договори за извршување адвокатски услуги, оштетувајќи го општинскиот буџет за околу 64.000 евра.СВР Охрид денеска соопшти дена ОВР Кичево поднела кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик, „Злоупотреба на службена положба и овластување“.– Лицето, во периодот од 2017 година до 2024 година, во својство на градоначалник на Општина Кичево, свесно и со умисла, со намера да прибави значителна имотна корист за друг, а на штета на општината, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општината Кичево постои секторот за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата, појасни портпаролот Стефан Димоски. Alsat
Неоснованите обвинувања против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари се со цел да се создаде конфузија во јавното мислење и овој низок и несоодветен чин претставува кршење на минималната етика што има за цел да дискредитира личност која ужива институционална доверба и поддршка од жителите на Кичево, велат од ДУИ откако вчера градоначалникот заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, заради злоупотреба на службена положба и овластување. Lokalno