Утре со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод.
15 ЧАСА БЕЗ ВОДА ЌЕ БИДАТ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ Утре почнува голема интервенција на Водовод Целта на активностите е изведба на нов главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, што ќе придонесе за значително подобрување на водниот притисок и намалување на загубите на вода.