Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева Педесет и петгодишен жител од скопското село Студеничани, вчера во 01:00 часот пријавил дека претходниот ден околу 20 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
На 06.06.2025 година во 1:00 часот, Р.К. (55) од село Студеничани, Скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20:00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
ИНЦИДЕНТ КАЈ ЏАМИЈАТА ВО СТУДЕНИЧАНИ Малолетници нападнале 55-годишен маж со нож На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот, соопшти полицијата.