Македонската амбасада во Белград ја потврдила информацијата за сообраќајната несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад – Суботица во Србија во која еден македонски државјанин загина, а еден е тешко повреден.
Страшна сообраќајна несреќа се случи утринава околу 5:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на српско–унгарската граница, при што едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено, јавува српски Блиц.
РТСЕден македонски државјанин го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, додека друг е тешко повреден, потврдија од Полициската управа на Суботица за РТС.Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица Суботица, а потоа се превртело.