Активни се шест пожари на отворен простор заклучно со 12:30 часот, од вкупно девет во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се три пожари на отворено.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Дојран кај с. Николич каде гори нискостеблеста шума, во Општина Чучер-Сандево кај с. Горњани каде е опожарена нискостеблеста шума, во Oпштина Велес кај селата Џидимирци и Крушје гори мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа и с. Слатина гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Општина Гази Баба кај с. Раштак кон с. Љуботен гори ѓубре и во Општина Сарај кај с. Крушопек кон с. Лака каде исто така гори ѓубре.