Во делот на прашањето коешто се однесува на „Железара“, бидејќи хронолошки наназад се враќате во документацијата, сметам дека ако се навратиме наназад многу години, двата клучни цевковода во Град Скопје, ги изведувала тогашната фабрика „Железара“, од коишто едниот, којшто ние го викаме Градски 1.600, во тоа време (60-тите и почетокот на 70-тите) имал за цел да го напојува урбаниот дел на Град Скопје, а „железарскиот цевковод“, да ја опслужува фабриката „Железара“. Nezavisen