Велешанец кој со своето возило „бмв“ влечел најверојатно расипан „пинцгауер“, модифицирано борбено возило за гаснење на пожари, учествувал во сообраќајна несреќа во која имало тројца повредени.
Во СВР Велес синоќа околу 23 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „тојота“ управувано од 66-годишниот Б.И. од Велес, возило „лада“ управувано од 31-годишниот Л.Б. од велешкото Башино Село и возило „БМВ“ управувано од 31-годишниот Д.М. од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување, информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.