Следниве пожари се ставени под контрола и се следи нивната состојба: Општина Ресен: Пожар кај село Шурленци до село Езерани (трска и ниска вегетација). Општина Дојран: Пожар кај село Николич (мешана шума). Општина Велес: Пожар кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума). Општина Гостивар: Пожар кај село Симница (нискостеблеста и дабова шума). Општина Прилеп: Пожар помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација). Во изминатото деноноќие, целосно се изгаснати 27 пожари во повеќе општини, меѓу кои во Студеничани, Шуто Оризари, Сарај, Кисела Вода, Гази Баба, Прилеп, Долнени, Струмица, Гевгелија, Кичево, Велес, Свети Николе, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Брвеница, Желино и Гостивар. Press24