Вкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума прнар и сува трева) и Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). Според ЦУК, под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева) и Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума). Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп 1 – с. Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Прилеп 2 – нас.