18-годишно девојче од Велика Британија хоспитализирано за време на одржување на Европски младински олимписки игри во Скопје.
На 21.07.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје, за време на одржување на Европски младински олимписки игри, на Х.В.(18) од Велика Британија и се слошило, по што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје за укажување на лекарска помош, соопштија од полициата во дневниот билтен. Nezavisen